Четвртина од пензионерите во Македонија живеат со минимална пензија

Со месечна пензија до 12.600 денари живеат четвртина од  пензионерите. Помалку од половина процент пак, земаат над 40.000 денари. Фондот за пензиско објави висок јаз меѓу најниските и највисоките исплатени примања кај највозрасната популација.

Според нивните податоците, од вкупно 325 илјади пензионери, најголем дел, или над 78 илјади се во групата – најниски месечни примања. Но има и 1,322 кои добиваат високи приливи. Од нив, 283 пензионери месечно имаат над 52 илјади денари, а 88 го зеле највисокиот износ што може да се исплати – 54.335 денари. Најчество, во оваа група, според ПИОМ, се лицата што правото за пензија го оствариле во странство, пренесе Сител.

На листата на Фондот, за само еден месец се запишале нови 2,5 илјади лица, од кои половината се стекнале со право на старосна пензија. Во истиот месец починале 2.114  пензионери. Просечната исплатена пензија, според статистиката  на ПИОМ, во февруари е незначително пониска од јануари и истата изнесува нешто над 15,500  денари.