Четвртолигашот Њупорт Каунти во осминафиналето на ФА купот

Англискиот четвртолигаш Њупорт Каунти ќе биде најниско рангираната екиша во осминафиналето од англискиот ФА Куп, откако во повторениот натпревар од четвтото коло на свој терен го совлада Мидлсборо со 2:0.

Екупата од јужниот дел на Велс, којашто во третото коло направи големо изненадување елиминирајќи го премиерлигашот Лестер Сити, продолжи да ги турка фаворитите и по 1:1 во првиот меч ги исфрли од купот и второлигашот Мидлсборо. Стрелци за најголемиот успех во историјата на купот беа Вилмот во 47 и Амонд во 67 минута, па во Њупорт на 16-ти февруари ќе гостува големиот Манчестер Сити во меќ за пласман во четвртфиналето од ФА Купот.

Покрај Њупорт Каунти, во осминафиналето се пласираа и другите тројца домаќини во повторените натпревари. Второлигашот Брентфорд со 3:1 го надигра петтолигашот Барнет, второлигашот Квинс Парк Ренџерс со 2:0 беше подобар од третолигашот Портсмут, а прволигашпт Вулверхемптон со 3:2 го победи третолигашот Шрусбери Таун.

Во среда за пласман во следното коло второлигашот Вест Бромвич Албион ќе се сретне дома со прволигашот Брајтон.

 

Двојки во осминафиналето на ФА Купот (15 – 18 февруари)

15.2. КПР (2) – Ватфорд (1)
16.2. Брајтон (1) / Вест Бромвич Албион (2) – Дерби Каунти (2)
16.2. Вимблдон (3) – Милвол (2)
16.2. Њупорт Каунти (4) – Манчестер Сити (1)
17.2. Бристол Сити (2) – Вулверхемптон (1)
17.2. Донкастер Роверс (3) – Кристал Палас (1)
17.2. Свонси Сити (2) – Брентфорд (2)
18.2. Челзи (1) – Манчестер Јунајтед (1)