Чибишев: Живееме во епидемиолошка агонија, да се одложи пописот за да нема човечки загуби

Цела година живееме во услови на пандемија, и за жал се уште од надлежните институции гледаме само неспособност, неодговорност и празни ветувања. За цело време на пандемијата здравствените работници се соочуваат со недостатоци на медицинска заштитна опрема. Доба дел од опремата сами си ја купувавме за да можеме заштитени да се појавиме на работните места и да се заштитиме од хоророт кој го предизвика вирусот Ковид-19, изјави д-р Андон Чибишев на денешниот протест пред министерството за здравство под мотото „Здравјето не е статистика, жените против неправдите“.

– Додека Светската здравствена организација апелираше и имаше нота, тестирај, тестирај, тестирај, ние тестиравме во ограничен број и со тоа имавме ограничен број на инфицирани и ги принудивме граѓаните самите од свој џеб да плаќаат дури 6.000 денари за да можат приватно да се тестираат за да знаат дали се болни или не се болни. Тоа беше огромен пропуст затоа што ја пропуштивме приликата навреме да ги дијагностицираме пациентите и навреме да го ограничиме ширењето на вирусот. За цело време на пандемијата, имаме недостаток од соодветна терапија и одредени медикаменти. Арно ама на приватно, граѓаните можеа по аптеките да ги набават потребните лекови кои им беа потребни за да се лекуваат тие и нивните семејства, рече тој.

Чибишев посочи на уште еден проблем.

– Цела година ние живееме во епидемиолошка агонија, а се уште немаме уедначени протоколи за лекување. Тоа секојдневно го кажуваат прво матичните лекари на кои беше оставен голем дел од товарот. Сега за жал кога имаме недостаток на вакцини кога цел свет брои бројка на вакцинирани бројка на оние кои примиле втора доза од вакцината, ние за жал броиме новозаразени броиме починати пациенти, што е катастрофално. Од пред неколку месеци добиваме ветувања дека ќе добиеме вакцини, од нашите пријатели д ЕУ, не добивме, па добивме ветување дека имало договор до одредена фармацевтска компанија и дека вакцините само што не пристигнале, арно ама вчера дознавме дека договор немало, потсети тој.

– Добиваме ветување дека ќе имаме вакцини до крајот на 2020 година, но не добивме, па јануари, па февруари, помина февруари, а сега добиваме ветување дека на крајот од март или почетокот на април ќе имало вакцини, ама и тоа се земало со доза на резерва, значи нема да имаме ни во април туку ќе останеме да се снаоѓа кој како може. Пандемијата премногу трае и имаме преморен исцрпен медицински персонал и за сите здравствени работници им изразувам почит за нивната посветеност, одговорност, храброст да го издржат овој период со условите кои им се понудени. За жал многу од нив го поминаа хоророт со инфекцијата со Ковид-19 некои од нив за жал и ги загубивме, а состојбата од ден на ден се повеќе се влошува, изјави Чибишев.

Тој ги  ги повика колегите од Комисијата за заразни болести, да се одважат и да се надминат себе си, и да донесат одлука и да и предложат на владата да го одложи пописот кој е планиран за месец април, инаку  последиците од пописот ќе бидат катастрофални по здравјето и животите на граѓаните.