Чичаковски: Избирачкиот список е добра основа за кредибилни избори

Добивме само триесеттина барања за запишување, промени или бришење во податоците на избирачкиот список. Самото тоа покажува дека сите актери вклучени во изборниот процес сметаат дека истиот претставува добра основа за спроведување фер и кредибилни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски во неделното интервју на РСЕ.