Чичарито исфрустриран но не се предава без борба

Мигуел Херера, селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико, потврди дека малдиот напаѓач од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез Чичарито, е исфрустриран поради очајната минутажа која ја добива од новиот предводник на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес.

“Има такви кои добиват впечаток дека се е во ред со Хавиер, но не е така. Можам да потврдам дека веќе има знаци на фрустрација. Хавиер не е задоволен од добиената минутажа иако го дава максимумот на секој тренинг. Исто така дава се од себе кога ќе добие шанса да одигра некоја минута на некој првенствен натпревар. Исфрустриран е поради фактот дека ја нема потребната подршка, од фактот дека новиот менаџер не верува во неговите квалитети. Мојес не му дава поголема минутажа, но Хавиер нема да се предаде, ќе биде вистински професионалец до крајот од актуелната сезона. Нема тука да застане, ќе се обиде да ја исполни зацртаната цел”, изјави селекторот на Мексико.