Чикаго го победи Милвоки на негов терен (ВИДЕО)

Чикаго Булс извојува многу значајна победа во серијата против Милвоки откако победи со 114-110 и израмни на 1-1, Бостон се врати од -17 и забележа уште еден триумф над Бруклин.
Чикаго Булс го совлада актуелниот шампион Милвоки благодарение пред се на одличната партија на ДеРоузен кој постигна 41 поен.
Адетокумбо беше одличен, реализираше 33 поени, имаше дури 18 скокови и девет асистенции, но неговиот учинок не му помогна на Милвоки за нов триумф. 1-1 во серијата која сега се префрла во Чикаго.
Бостон губеше и со -17 поени разлика против Бруклин, но на крајот го доби мечот со 114-107 и поведе со 2-0.
Браун со 22 поени и Тејтум со 19 беа најдобри кај Бостон. Најмногу поени на мечот постигна Кевин Дурент, 27, но имаше огромен пад во последниот период кога се одлучуваше победникот.
Торонто е пред елиминација откако загуби и третпат од Филаделфија. Овојпат беше поразен на свој терен во меч со едно продолжение, 101-104.
Ембид со 33 поени и 13 скокови ја предводеше Филаделфија во третата победа од серијата. Ануноби со 26 поени беше најдобар кај Торонто.
Резултати:
Бостон – Бруклин 114:107 (2-0)
Торонто – Филаделфија 101:104 (0-3)
Милвоки – Чикаго 110:114 (1-1)