Чиле ќе помилува 1.300 затвореници поради коронавирусот

Во Чиле ќе бидат помилувани околу 1.300 затвореници со висок ризик од заразување со коронавирус, откако Уставниот суд го одобри специјалниот закон, што владата го испрати на одобрување до претседателот Себастијан Пинера.

Од оваа одлука корист ќе имаат затворениците кои се на возраст од над 75 години, мајки со деца под двегодишна возраст и бремените жени, кои ќе можат остатокот од казната да го минат во домашен притвор.

Затворениците, кои се осудени за злосторства  против човештвото и за убиства, киднапирања, шверц со наркотици и домашно насилство, се исклучени од списокот на помилувани.

Законот има за цел да го олесни притисокот врз затворите, што, според извештај на Врховниот суд, во услови на панедимија претставуваат „бомба со задоцнета реакција“ со околу 42.000 затвореници во земјата.