Чиле фаворит во дуелот против Австралија

Репрезентацијата на Чиле важи за голем фаворит пред стартот на дуелот против селекцијата на Австралија. 

Предводникот на Чиле, Хорхе Сампаоли пред натпреварот изјави дека неговиот тим нема да побегне од фаворитската улога, но истата ќе биде оправдана само доколку неговите фудбалери одиграат сконцентрирано во сите 90 минути.

„Погледнавме неколку натпревари, ја анализирав нивната игра, мислам дека ги знам лошите и добрите точки на противничкиот тим. Се запознавме со нивниот стил на игра. Точно е дека Австралија е меѓу репрезентациите кои важат за аутсајдери, но јас забележав дека беа добро организирани на последните пријателски натпревари, дека имаат нов стил на игра, агресивен, со многу трчање. Особено се опасни при прекините. Ако бидеме концентрирани во сите 90 минути, сигурен сум дека бодовите ќе завршат на нашето конто“ – изјави пред натпреварот селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли.

Дуелот помеѓу репрезентациите на Чиле и Австралија стартува на полноќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.