Чилеански тим регистрира веројатни знаци на живот под урнатини во Бејрут

Чилеански спасувачки екипи бараат знаци на живот под урнатините во Бејрут, откако машина откри звуци, пренесува „Си-Ен-Ен“. Сè уште траат потрагите по стравичната експлозија на пристаништето во Бејрут на 4 август во која загинаа најмалку 180 лица, повредени беа 6.000, а околу 300.000 останаа без покрив над главата.

Спасувачките екипи во Бејрут вчера детектираа движење под урнатини во областа Мар Михаел, 30 дена по експлозијата што го потресе градот. Термичките слики покажуваат две тела – мало тело што е збиено до поголемо и циклус од 18 вдишувања во минута, изјави за „Си-Ен-Ен“, Еди Битар, локален невладин работник кој работи со чилеанскиот тим.

– Тоа се 18 вдишувања во минута. Мали се шансите човекот да е сè уште жив, рече Битар.

Франциско Лерманда од чилеанската невладина организација за потрага и спасување „Топос Чиле” изјави дека спасувачкиот тим копа тунели за пристап до местото на кое каде би можело има тело или преживеан. Тој додаде дека најдолго што видел некој да прежиее под урнатини е човек на Хаити, кој бил пронајден по 28 дена.