Чилиманов: СЈО направи директен партиски мотивиран обид да ја уништи најголемата партија во Македонија

Од вчерашниот ден веќе отворено се оди на конфликт во македонското општество, се иницира судир меѓу Македонците, се провиоцира и регионален судир имајќи ги во предвид надворешните околности кои се создаваат се прави обид да се возобнови едноумието во Република Македонија, да се возобнови диктатурата и тоталитаризмот во Македонија, истакна новинарот Цветин Чилиманов на денешната трибина организирана од Институтот „Павел Шатев“.

Вчера сите бевме сведоци дека една партиска инструирана обвинителна институција направи директен, партиски мотивиран обид да ја уништи најголемата и најзначајната партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, напаѓајќи ги сите нејзини позначајни претставници и функционери во јасна координација со СДСМ, која ја води и координира работата во СЈО. Ова беше очекуван потег, сведоци бевме во изминатите три години како инструирани од надвор отворено работеа да се дојде до тоа што се случи вчера, да се отстрани, за нив проблематична, политичка елита која е избрана од македонскиот народ и во огромен број изборни циклуси ја добиваше довербата, рече Чилиманов.

Новинарот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ стои како единствен браник на македонскиот суверенитет и во одбрана на македонските национални интереси.

Новоформираната Влада под сомнителни околности предводена од СДС, која ветуваше брза интеграција без губење на националното достоинство, во првите денови доживеа огромен број меѓународни порази и удари, се вратија од Брисел без покана за преговори, без позитивна препорака…Сведоци бевме на пораките од Атина каде јасно кажаа дека сеедно им е кој е на власт, тие остануваат на истиот став дека Македонија мора целосно идентитетски да се разнебити доколку сака да влезе во НАТО и ЕУ. Сведоци бевме на катастрофалната посета на Софија, рече Чилиманов.

Јасно е дека вака катастрофалните удари ги претрpе владата на Зоран Заев мора да бидат покриени некако и единствена карта на која може да играат е политичка пресметка со нивниот главен, единствен сериозен политички противник, ВМРО-ДПМНЕ. Освен партијата ВМРО-ДПМНЕ цел на напад ќе бидат и медиумите, особено оние кои критички известуваат за СДС и СЈО, нападнати беа медиуми кои изнесоа огромен број точни и проверени факти за Катица Јанева и нејзиното вработување на роднини, прекумерното трошење на пари без никаков отчет, за крајниот аматеризам, техничката неписменост на специјалната обвинителка. Медиумите под напад на СЈО и натаму се главна пречка во реализирање на плановите на СДС и нивните надворешни ментори и подржувачи и затоа под напад е буквално демократијата во Република Македонија’, потенцираше Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.