Чилиманов: СОРОС го монополизира невладиниот сектор

чилиманов

-Покрај извршна, законодавна и судска испадна дека имаме и четврта власт, дека тоа невладиниот сектор којшто мора во се да биде вклучен, да се консултира, во се ангажира, дека не може закон да се донесе без нивна согласност, регулатива и т.н. Иако јасно е дека соросовата организација којашто има десетици други невладини организации во Македонија коишто се активни на сите можни општествени полиња, од економија, од социјални прашања, од надворешна политика, од култура, буквално сите сфери ги покриваат. Каде што имаме министерства има пандан или негова невладина организација која бара да биде вклучена во сите одлуки кои се носат. Тие се директно поврзани со партијата СДСМ, заедно ги носат одлуките, заедно одат во кампањи, одиме на избори – граѓаните гласаат, СДСМ традиционално си губи, по тие избори сепак покрај тоа што народот дал мандат, го дал својот глас, решил во која насока треба да се движи народот, но не, гласот на народот не важи, мора граѓанскиот сектор да биде консултиран. Тоа е една ситуација којашто е ненормална, која што не постои никаде во светот, смета Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.