Чинот на Еритреецот кој ги турна мајката и синот под воз ја шокираше Германија

Еритреецот кој во понеделникот на главната железничка станица во Франкфурт под воз турна мајка и осумгодишен син при што детето загина, и самиот е татко на три деца од 2006 година живее во Швајцарија, соопшти во вторникот државното обвинителство во овој германски град.

„Осомничениот 40-годишен Етритреец е трикратен татко со престојувалиште во Швајцарија и не бил под влијание на дроги или алкохол. Против него е подигнато обвинение поради убиство“, изјави за медиумите Надја Нисен од Државното обвинителство во Франкфурт на Мајна.

Властите тргнуваат од тоа дека станува збор за психичко заболување кај осомничениот, кој досега не се изјаснил за евентуалниот мотив. „Натамошните вештачења би требало да дадат попрецизна слика за психофизичката состојба на сторителот“, додала претставничката на обвинителството.

Во објавата, исто така, се наведува дека Еритреецот не ги познавал осумгодишната жртва, мајката на жртвата, ниту третото лице, 76-годишна жена којашто, исто така, се обидел да ја турне под возот кој пристигнувал на станицата.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го прекина годишниот одмор и во вторникот одржува советувања со комесарите за безбедност на сојузните покраина. Неколку политичари побаара повисоки безбедносни стандарди на железничките станици, како и воведување на дозвола за влез на пероните само за лицата кои поседуваат билет.

Ваквото барање доаѓа бидејќи ова е втор ваков случај во Германија за кус период. Пред помалку од две седмици 34-годишна мајка беше турната од перон на шините во Верде, во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија. Загина под налетот на воз кој пристигнувал. Беше соопштено дека 28-годишен маж ѝ се приближил на жената од задгрб и ја турнал на шините. Во моментов е во протвор под обвинение за убиство, кое досега не го коментирал.

Германските железници, меѓутоа, сметаат дека ваквите мерки, имајќи предвид дека има над 5.600 железници станици во Германија, би ја чинеле државата милијарди евра, би предизвикале тисканици и на крајот не би гарантирале потполна безбедност.

И Германскиот синдикат на полицајците (GdP), оцени дека ниту повеќето полициски персонал на железничките станици, не би помогнало да се спречат такво злосторство. Претседателот на синдикатот, Јерг Радек, истовремно предупреди и на можно повторување на ваквите злосторства.

Германските медиуми претходно осомничениот Еритреец го споменуваат во контекстот на криумчарење на дроги во близина на франкфуртската главна железничка станица, место кое го контролираат бандити од Еритреја и Сомалија, но сасега не се знае зошто тој иако живеел во Швајцарија престојувал во Франкфурт.

За вторникот попладнето во ФРанкфурт е закажана комеморација за убиеното момченце, а неговата смрт во медиумите повторно ги разгори расправите за односот кон доселениците.