Чистачка паднала и се повредила на „Васил Ѓоргов“ во Скопје

На 05.03.2021 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ е донесено повредено лице.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за С.Ц.(38) од Скопје по чие кажување околу 12.30 часот на ул.Васил Ѓоргов пред зграда додека извршувала работни задачи како хигиеничарка паднала, по што од доктор и е констатирана тешка телесна повреда. За настанот известен е трудов инспектор.