Чистел пиштол па си ја разнел раката

Гостиварец си ја прострелал раката подмачкувајќи го пиштолот, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 15.15 часот во село Дебреше.

Тогаш  Г.Б. (62) го подмачкувал пиштолот кој го поседувал без одобрение. Тој не забележал дека во цевката има куршум кој испукал и ја прострелал шаката од левата рака. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.