„Чистиот“ македонски јазик го нема на официјалниот сајт на Фронтекс

Додека претставници на власта деновиве не пропуштаат момент, а да не се пофалат дека договорот со Европската агенција за контрола на границите е потпишан на „чист македонски јазик”, на официјалната страница на Фронтекс, го нема македонскиот јазик.
Ниту пак се споменува во објавите.