„Читајте повеќе, читајте секаде“

Клуб Матица  ја најавува новата кампања „Читај повеќе – Читај насекаде!“ која има за цел да влијае на перцепцијата која граѓаните ја имаат за и кон читањето книги, како и желбата да се поттикне социјално-одговорната нишка кај компаниите во Македонија.

Проектот има за цел да ги поттикне луѓето да одвојат повеќе време за дружење со книгите, но и да ги предизвика да читаат насекаде – во автобус или на јавен простор, без стереотипи и предрасуди. Дополнително, кампањата е надополнета со учество на македонски компании, кои благодарение на својата социјално одговорната улога во општеството можат да дадат пример кој општеството би го следел.

Одредени познати наслови, се со промотивните цени.Во овој проект се вклучија и парнерите на Матица од Британија, Германија и Србија, со што понудата е исклучително богата и атрактивна.