Член на персоналот на Белата куќа позитивен на коронавирусот, Трамп негативен

Припадник на американската армија кој работи во близина на претседателот Доналд Трамп , во четвртокот бил на тестирањето на коронавирусот, објави Белата куќа.

„Претседателот и потпретседателот се тестирани, негативни се и нивната здравствена состојба и натаму е добра“, изјави портпролот на Белата куќа, Хоган Гидли.

Во моментот кога оваа вест беше објавена, потпретседателот Мајк Пенс присуствуваше на доставување медицинска опрема во еден центар за рехабилитација, а претседателот Доналд Трамп во Вашингтон и подоцна во текот на денот треба да присуствува на неколку настани.

Американската телевизија CNN објави дека лицето кое било позитивно на коронавирусот е припадник на воената морнарица и наводно работел како личен помошник на претседателот Трамп. Телевизијата во прилогот јави и дека веднаш откако била потврдена заразата, Трамп и Пенс направиле тестирања кои биле негативни јна коронавирусот.

Персоналот на Белата куќа редовно се тестира на коронавирусот, а на новинарите кои доаѓаат во близок контакт со фунцкионерите им се проверува температурата пред да влезат во просторот за медиумите.

Според последните податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД се регистрирани повеќе од 1,22 милиони случа на зараза со коронавирусот, а бројот на починати надмина 73.400 лица.