Членките на ЕУ едногласно ја отфрлија „црната листа” на ЕК

Членките на Европската унија едногласно го отфрлија предлогот на Европската комисија на „црна листа” да се стават 23 земји и територии.

На листата се наоѓаат земји, за кои се верува дека носат висок ризик од перење пари или финансирање на тероризам.
Членките на ЕУ соопштија дека предлогот не е востановен во транспарентен процес.

На листата, меѓу другото, се земји како Саудиска Арабија, Северна Кореја и Нигерија, но и четири американски прекуокеански територии.

Листата има за цел да се зајакне надзорот и истрагите за финансиските трансакции од овие земји и територии со цел да се најдат сомнителни парични текови.

Европската комисија сега ќе мора да изготви нова листа и да ги земе предвид забелешките на земјите-членки.

ЕК вчера додаде 10 држави и територии на список на таканаречени „даночни раеви“, со што таа „црна листа“ се зголеми тројно.
На досегашната листа има пет држави и територии: Самоа, Тринидад и Тобаго, како и три територии во САД – Американска Самоа, Гуам и Американски Девствени Острови.

На нив требаше да им се придружат Обединетите Арапски Емирати, Оман, британската територија Бермуда, како и уште некои карипски и пацифички острови.

Инаку, 62 држави и територии ширум светот се обврзаа на усогласување со даночните стандарди на ЕУ. Од нив се бара да ги изменат своите прописи до февруари.