Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски под истрага за злоупотреба на службена положба

Петмина службеници од Oпштина Тетово се приведени утринава под сомнение за незаконска легализација и приватизација на земјиште. Од обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека по нивна наредба, за истиот случај, полицијата го бара бара и членот на судскиот совет, Зоран Теофиловски. Тој утринава не се појави на седница на советот која беше закажана за во 10 часот.

Освен петтемина вработени во општина Тетово и членот на Судски совет, од обвинителството велат со истрагата се опфатени уште четири лица. Сите се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според првичните информации, тие на нелегален начин присвоиле земјиште во државна сопственост а потоа истото и го легализирале за потребите на тениското спортско здружение Љуботен во време кога негов претседател бил членот на Судски совет, Теофиловски.

Од обвинителството велат дека истрагата за овој случај почнала на почетокот на годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.