Членовите на ДИК Чичаковски, Дума, Милев, Бонева и Јакупи добија апанажа

Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) ќе добијат апанажа во траење од една година, одлучи во вторникот собраниската Комисија за избори и именувања.

Апанажа ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, како и членовите од редовите на СДСМ – Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ.

Другите тројца поранешни членови на ДИК, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев не побарале апанажа, ќе се вратат на претходните работни места.

Членовите на ДИК поднесоа оставки по обелоденувањето на скандалот со делење високи бонуси на изборите, кој го обелодени во јавноста американскиот амбасадор Џес Бејли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.