Членовите на Златна зора го одолговлекуваат судскиот процес против нив

Повеќе од 10 членови на Златна Зора кои се во истражен притвор во врска со повеќе кривични дела  меѓу кои и убиството на раперот Павлос Фисас поднеле барање за условно ослободување. Околу 30 членови и пратеници од партијата се во притвор и на овој начин се обидуваат да го одолговлечат процесот на кривичната истрага и почетокот на судењето планирано за месец ноември.

Неоспорно е нивнот право да поднесат такви жалби, но тоа што повеќемина тоа го прават во исто време сугерира дека целта е да се опструираат судиите да ја завршат истрагата, пишуваат медиумите од регионот.

Доколку судењето се одложи, многумина од осомничините е можно да бидат ослободени, бидејќи веќе ќе е изминат максималниот период за во истражен затвор од 18 месеци.

Понатаму, осомничените предлагаат нови сведоти кои судиите треба да ги испитаат со што исто така ја опструираат работата на судот. Според пишувањата во грчките весници, од двјцата судии кои ја водат истрагата било побарано да испрашаат најмалку 13 нови сведоци. Иако ваквите нивни постапки се сметаат за видлива злоупотреба, според судот, законот е на нивна страна.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.