Полнето пиле за ручек и чоко-оранж мафини за десерт

Состојки:

1 пиле

50 гр.пилешки џигер

1 помал морков

1 јајце

1 помал кромид

1-2 чешниња лук

2 лаж презла

малку магдонос

малку сол

малку црн пипер

масло за мачкање

сенф

компир

Употреба:

Џигерчињата исечкајте ги на ситно, кромидот и лукот изрендајте ги, магдоносот ситно исечкајте го, додадете јајце, презла, сол, пипер, зачините и се заедно измешајте. Со оваа смеса напунете го пилето, потоа намачкајте го со масло, посолете го и намачкајте го со сенф. Пилето ставете го во подмачкана тавка и печете го заедно со компирите кои сте ги исекле на кругови. Додека пилето се пече мора да биде поклопено (печете го во печка или тавка и покријте го со фолија за печење). 15 минути пред да го извадите од рерна, тргнете го капакот малку да се зацрвене.

coko mafiniЧОКО-ОРАНЖ МАФИНИ

Состојки

250 гр. остро брашно
1 прашoк за пециво
250 мл. јогурт
½ сок од еден портокал
цела кора од портокал
1 мала лаж. есенција од ванила
100 гр. шеќер
6 гол. лаж масло
75 гр. црно чоколадо

Подготовка
Измешајте ги брашното и прашокот за пециво во еден сад. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќер, јогуртот, маслото, есенцијата од ванила и сок од половина портокал. Се добро измешајте со брашното и додадете ја изренданата кора од портокал и чоколада исечкана на парчиња. Наполнете ги калапите за мафини и печете на 200 степени, 20-25 мин. Кога ќе ги испечете по желба, посипете ги со шеќер во прав.