Чорлука се прости од хрватската репрезентација

Ведран Чорлука и официјално се прости од хрватската фудбалска репрезентација по 103 настапи во дресот на „ватрените“.

Поранешниот капитен на Хрватска, популарниот „Чарли“ со писмо објавено на страницата на Хрватскиот фудбалски сојуз и на Инстаграм се прости од навивачите. беше слушнато, а се појави и на Инстаграм.

Почитувани љубители на хрватскиот национален тим, по 12 години и 103 настапи во омилениот дрес, мислам дека е време да се каже збогум на хрватскиот национален тим. Ви благодарам за сите овие години на безусловна поддршка и љубов, без вас чувството да се игра за Хрватска немаше да биде ниту блиску до специјално какво што беше за мене речиси за секој натпревар во овие 12 години, рече Чорлука.