Човекот кој стои зад идејата дека Македонија е дел од Бугарија и дека треба да отвориме бугарски универзитет има за задача да ги величи Зоран Заев и СДСМ

Човекот кој стои зад идејата да биде отворен бугарски универзитет во Македонија и кој тврди дека Србија одзела парче од Бугарија за да настане Македонија, има задача да ги брани и величи Зоран Заев и СДСМ.

Со своите изјави тој дава поддршка за штетните политики кои македонската Владата ги води на сметка на државата.

Станува збор за Андреј Рајчев, бугарски социолог, човек близок до Бојко Борисов. Тој стои зад агенцијата „Галуп“ која во Македонија објавува анкети на кои на Заев му се дава предност.

Во интервју за Дојче Веле, дадено минатата година, Рајчев истакна:

„И второ: наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример, во Скопје да нема бугарски универзитет? Како што во Благоевград има Американски универзитет. Дипломираните од тој универзитет не стануваат Американци, но стануваат блиски на Америка. Таму доаѓаат пари од Америка, доаѓаат експерти од Америка- и се претпоставува дека голем процент од дипломците на тој универзитет се проамерикански настроени. И тоа е целосно легитимно, не е некаква пропаганда или агитација. Тоа е едноставно голема услуга која тие луѓе ја добиле од една држава“.

Ваквите ставови на поддржувачот на Заев се загрижувачки и, секако, на штета на Македонија. Еве што друго истакна тој:

„Србија со една многу итра и подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација. Тоа е факт. Но тоа веќе се случило. Така што: каков е нашиот интерес во моментов? Нашиот интерес е прво, тие да ја засакаат Бугарија. Тоа е апсолутна претпоставка за да продолжиме со некакво воспоставување на односите со тие наши браќа кои постепено ни станале братучеди“.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска објави резултати од анкета спороведена токму од агенцијата „Брима“, според кои партијата има предност од 2,6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа анкета, доверба во Зоран Заев изразиле 12,6 отсто од испитаниците. Токму човекот чии изјави цитиравме погоре, стои зад овие анкети.

Така, Рајчев му го крева егото на Заев пред избори. Вака Бугарите дитектно му помагаат на македонскиот премиер, кој со нив преговара за се што тие ќе побараат.