Човекот кој му донесе победа на Трамп ќе соработува со Орбан

Поранешниот политички стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон планира да соработува со унгарскиот премиер Виктор Орбан пред изборите во Европскиот парламент следната година, изјави во интервју за приватниот радиодифузер РТЛ, пренесува Ројтерс.

Бенон, поранешен претседател на десничарската веб-страница на Бреитбарт (Breitbart.com) и архитект на изборите за победа на Трамп во 2016 година, формира движење за избор на десничарсконационалистички и популистички членови на изборите за Европскиот парламент во мај.

Бенон кој во мај минатата година одржа јавно предавање во Будимпешта, рече дека неколку пати ја посетил Будимпешта и се сретнал со Орбан и неговите помошници – на состаноци кои не се објавени за јавноста. Портпаролот на владата не коментираше веднаш.

Орбан ја поздрави идејата на групата на Бенон, наречена Движење (The Movement), велејќи дека е време некој од САД да дојде во Европа и да шири конзервативно размислување наместо либерални вредности.

– Ако би можел, би го преместил штабот на движењето во Будимпешта. Многу го сакам местото. Но очигледно тоа не е практично. Ќе поминеме многу време во Унгарија, помеѓу денес и денот на изборите – изјави Бенон за РТЛ во интервјуто објавено доцна во петокот.

Бенон рече дека повторно ќе ја посети Будимпешта кон крајот на ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.