Човекот што даде оставка од парламентот

Како парафраза на „Човекот кој падна на Земјата“, научно фантастичен роман, ем филм, кој само во наши услови е тоа што е, место за вечно пребивалиште на вонземските паразити на Македонија.

Години ли се години

Ако не умре, Бог да му душа прости и ако доволно силно, упорно се убутува во телата на партијата за да биде ставен на листа и така, Лош, Добар или Грд повторно ќе седне во вечното пребивалиште на инкубаторот на претежно неспособните и паразитите на ова општество – парламентот. Со децении едни те исти ликови се провлекуваат кои одвреме – навреме ќе одржат некој прес тук и таму, додека, на пример, земјата гори од афери за криминал он тинка за наталитет, а окцето му ѕирка дали Калето се мешка и му покажува палец нагоре. Што народот мисли, баш го заболе. Никогаш да не таласаш, никогаш да не кажеш што ќе донесе повеќе од 200 клика ако те реобјават по партиска линија, никогаш нешто суштествено и важно.

Итроштина левел 9000

Не, не се глупи, тоа се крлежи на кои одмна им е скинато телото, но се упикани под кожа, да не се во парламентот нема да можат ама никаде да работат. Цел стаж им е митарење нивната пратеничка фотеља, по потреба патриоти, по потреба нато и еу итегративци, по потреба либерали и слободоумни, чекам само кога ќе дојде време трансџендерска промена на пол, без проблем и силиконски цицки ќе стават. Немаат ни морални ни религиски вредности, освен на прес. Искористуваат луѓе, им се додворуваат на новинари или медиумски куќи, љубезни ама со онаа нечовечка лигавштина која не можеш да ја критиукуваш бидеејќи е форма за која сите се залагаме, ако загледаш, акутна дијареа не ти бега.

Инспирација

Наместо на почеток да дадам вовед, очигледно чемерот ме надвладеа, па еве…

„Џон Беркоу најави дека ќе даде оставка на позицијата претседател на Долниот дом на британскиот парлмент или за време на следните избори или на 31 октомври, што ќе дојде побрзо, јавува Би-би-си. Во својот говор истакна дека неговите 10 години во парламентот му претставувале најголема чест и привилегија“. – цитат од веста

Значи оној кој раководел со парламентот, без афера, без принуда, без гласање против, вели – доста е, ви благодарам, се повлекувам! Wooow!!! Па, ви треба ли мој коментар или образложение каква громада од човек е он? Да ги тргнеме сите лоши и добри работи кои ги направил за својата земја, само последниов чин! А, кај нас? Глваната дејност на партијата, било на власт или опозиција, е тепачка да се биде ставен на листа. Дали некој те знае!?!? Ма баш ти е гајле. Имаш свои медиуми кои те слават и те прават битен, а од друга страна најглавното нешто што може реално да ти пресуди тотално е игнорирано – народот.

Народ … хммм

Тешко ми е да направам разлика помеѓу народ и партиски послушници бидејќи ги има во преголем број. Слепо ќе гласаат за било кој и било како, штом тоалетната со кафена ѕвездичка им се пике под нос! Кога ќе ги рчнам, гласачите, се наапуваат, но воздржано затоа што знаат дека ја носат вината. Имаат ко препишан наратив, демек – ако има отворени листи тогаш и они би гласале за личности. Ма, дај не ме Кили … Отворени листи нема затоа што ние, базата не сме мрднале со прст да го смениме тоа, затоа што гласачите гласаат за партија не за програма, идеали, политика, туку лична корист, пред се’ – вработување! Ма, какви бакрачи идентит- еу-нато-лгбт-легализација – не, најголемиот дел го прават тоа за да утре имаат уста полна со барања – те гласав – вработи ме-дај ми привилегии!

Бараме правда, а не сакаме да дадеме природната селекција да преземе? Можеби е ризично непроверени личности да се ставаат за да не се свртат!?! Па, немаше досега? Осуммината величенствени не ви отворија очи и на едните и на другите? Она што му се случи на вмро може утре и на сдсм. Знаете, најдобро што се „десило“ на нашиот парламент е што влегоа оние анонимни „шарени куртони“! Далеку дека се слагам со нив, но секако се освежување и многу подобри од некои уседени и усмердени.

Се прашувам, за „вечниве“ како може еден паразит, кој нема ден работа, не се борeл за плата и егзистенција да држи предвања за живот, стандард, труд и социјала? Разбирам дека има и треба политичари од кариера, тоа не е лошо, напротив и такви има и тоа прилично вешти и способни во тоа што го прават – фала Богу, но цела кариера да ја преседиш во парламент и паламудиш без дела? Никогаш со народ, никогаш на протест, никогаш на барикади, никогаш храброст? Бљак!

Мое мислење е опозицијата да изнајде сила, како што власта си копа ликови од шарената револуција, да го замени дел парламентарниот состав, со млади ајвани без искуство, пис на уста. Не можат поголема беља да си направат одошто досега, со осумината. Со фудбалски жаргон, неколку стари кадри со долг стажа, ама во тимот да превладуваат нови, кои немаат намера животот да го поминат по институции и во парламнет. Најдоброто од двата света, така ќе дигнат сериозна маса на гласачи.

Јас сум за тоа таму да видам и курви и попови, рапери и егзотични танчерки и пред се луѓе чија работа, езгистенција не зависи од државата или било која власт, а кои и немаат намера тоа да им биде животен повик. Италија само доби со една Чичолина. Земјата е циркуз, не треба парламентот да глуми сериозност – кловнови треба, можеби еден ден ќе се најде некој како Пенивајс – ликот од It.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.