Доколку делегацијата на ЕУ ѝ врачи ултиматум на Србија, односно нацрт на сеопфатен договор кој фактички би претставувал признавање на Косово, ќе биде тоа уште еден „итар начин повторно да се измами Србија“, кажа Човиќ.
Вечерње новости објавија, повикувајќи се на дипломатски извори, дека на делегацијата на Белград која денес патува на разговори со Мирослав Лајчак и претставници на Приштина во Брисел ќе ѝ биде врачен нацрт на сеопфатен договор, кој подразбира де факто признавање на Косово од страна на Србија.
Ако преговарачите на ЕУ мислат дека сите отврени прашања ќе се затворат со фиктивен договор за нивно решавање, тогаш Европската Унија не е непристрасен посредник туку директно ги застапува интересите исклучиво на една – албанската страна, заклучи Човиќ.