Чудовиштето од Лох Нес можеби било гигантска јагула

Новозеландскиот научник Нил Гемел објави во четвртокот дека по внимателно и повеќегодишнот истражување дошол до заклучок дека легендарното чудовиште од Лох Нес би можело да биде огромна јагула, пишува BBC.

Генетичарот Гемел од универзитетот Отако во Данедин анализирал и секвенцирал ДНК од 250 примероци на вода собрани од длабочините на споменатото шкотско езеро. Резултатите го довеле Гемел и неговиот тим до заклучокот да се отфрли идејата за преживеан влекач од ерата на диносаурусите.

Чудовиштето Несо, кои првпат е видено наводно во VI век пред нашата ера, не е преживеан вид на плезиосаурс, голем воден рептил. Не е ниту гигантска риба, на пример есетра, ниту грендланска ајкула.

„Пронајдовме значително количество ДНК на јагула со кои обилуваат студените длабоки води на Лох Нес“, вели Гемел.

Јагулите мигрираат во шкотските реки и езера од 5.000 километри оддалеченото Саргасово Море во близина на Бахами.

„Оттаму не можеме да ја отфрлиме можноста дека станува збор за гигантска јагула во Лох Нес“, вели генеричарот истакнувајќи дека сепак собраните податоци ништо не говорат за големината.

„Потрени се дополнителни истражувања за да се потврди или отфрли тезата, но според нашите податоци, хипотезата за голема јагула е веројатна“, заклучил Гемек кој додава дека оваа теорија веќе е споменува во 1933 година.

Иако мистеријата сѐ уште не е целосно и конечно разрешена, новозеландскиот професор е задоволен, бидејќи е воспоставена извонредно база податоци за тоа што може да се најде во водите на легендарното езеро, која благодарејќи на оваа мистерија стана голема шкотска туристичка атракција.

„Луѓето сакаат мистерии и ја искористивме науката да додадеме ново поглавје во мистичноста на Лох Нес. Не пронајдовме никаков доказ за постоење древно суштество, како плесиосаур. Исто така, не пронајдовме ДНК поврзан со ајкула, сом или есетра, но затоа има значително количество на ДНК на јагула. Така што, дали Неси можеби е јагула?“, вели Гемел.

Приказните за постоење на чудовиште во Лох Нес датираат од пред 1.500 години, а првите современи видувања се од 1930-ите. Најпознатата „снимка“ од Неси е од 1934 година, но шест децении подоцна беше потврдено дека е лажна.