Чулев: Јас сум тука за луѓето, а не тие за мене

Јас сум тука за луѓето, а не тие за мене. Моја задача како министер е да работам за државата и граѓаните, порача преку неговиот фејсбук-профил, министерот за внатрепни работи, Наќе Чулев, додавајќи дека ова го кажува на секојдневните средби кои ги остварува низ државата.

„Неизмерно сум благодарен за убавите зборови кои ги разменуваме и поддршката која секојдневно ми ја давате!“, напиша Чулев.