Чулев: Димовски треба кривично да одговара за случајот Онишченко, а не да биде амбасадор во Париз

Она што се успешни реформи за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е само причина за срам, ефикасноста на безбедносните служби е на најниско можно ниво што се гледа од секојдневните скандали, оцени Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ во текот на синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

„Треба да се зголеми отчетноста на безбедносните служби не може под плаштот безбедносна тајна да се испраќаат закани до медиумите и истражувачките новинари. Пет години бев директор на Агенција за разузнавање и сметам дека имаат право да истражуваат за законитоста па така немам ни една претставка поднесено, ни една кривична пријава кон претставници на медиуми“, рече Чулев, поранешен министер за внатрешни работи.

Како долгогодишен работник во сфераа на безбедноста, Чулев се осврна и на случајот со контроверзниот „случај Онишченко“, укажувајќи на тоа што собраниската надлежна комисија не може да одржи состанок.

„Внатрешната контрола во Агенција за национална безбедност не постои, нема раководител. Оттука кој ќе врши контрола за професионалноста кога нема внатрешна контрола. Зошто Виктор Димовски не реагирал за ова, не го пополнил тоа место, тоа е законска обврска. Внатрешна контрола е таа која треба да ги преиспита професионалните стандарди и сега директорот кој треба кривично да одговара за случајот Онишченко дава отчет пред собрансиката комисија. Изјавите кои ги даде по комисијата не личеше на него. Не смее директор да се заканува на пратеници, па тој не дава сертификати на истакнати лица, ама дава пасош на лица како Онишенко“, рече Чулев.

Според него, Димовски треба да се соочи со кривина одговорност, а не да бега да биде амбасадор во Париз.

Додаде дека безбедносниот систем е на дно, а Виктор Димовски директно влијае на истрагата, бидејќи тој не е разрешен од директорската позиција од страна на Владата

„Во моментот луѓе кои се опозицијата кои се идеолошки некомпатибилни а се дел од, безбедносниот сектор или кои претставуваат на било кој начин професионалната конкуренција на овој врв во безбедносните служби се елиминираат преку не издавање на безбедносни сертификати. Односно со фабрикување на лазни информации се со цел за недобивање на безбедносни сертификати“, рече Чулев.

Додаде дека АНБ го има монополот и се она што значи про-опозициски настроени луѓе од безбедносниот сектор  сите тие имаат проблеми со безбедносните сертификати.

„Има цела палета на луѓе кои стварно имаат професионален интегритет  и оперативно аналитичко па и техничко искуство  кои заради недобивање на безбедносни сертификати се надвор од безбедносниот систем“, вели Чулев.

Истакна дека во случајот со доделувањето македонско државјнаство на пораншениот украински разузнавач и олигарх Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД под обвинение за наводна блискост со Кремљ, воопшто не е испочитуван членот 8 од законот за АНБ.

„Човек од ваков габарит како Онишченко штом влегува во Македонија, АНБ треба да знае уште од граничен премин дека он е веќе дојден на територија на Република Македонија и со целокупната оперативна мрежа да го покрие“, изјави Чулев.

Посочи дека не е можно АНБ и Агенцијата за разузнавање да не детектира дека ваков човек е на територија на Македонија.

„Виктор Димовски моментално продолжува да биде директор на АНБ, па дури и се заканува на пратеници. Со самото негово присуство во АНБ и неговото не разрешување од страна на Владата он директно влијае на истрагата“, дециден беше Чулев

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.