14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Чулев: Граѓаните да го почитуваат полицискио час, тоа е за доброто на сите

Апелирам до граѓаните да ја почитуваат одлуката на Владата, а до полициските службeници апелирам со максимална посветеност да придонесат за спроведување на одлуката, истовремено водејќи сметка за сопственото здравје.

Доколку се придржувате на препораките на стручните медицински лица, доколку ги следите упатствата на надлежните и ја почитувате одлуката за ограничување на движењето си помагате сами на себе, а и на инситутциите во спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19“. Верувам дека никој од нас не сака сликите од европските земји, а кои се поврзани со Корона вирусот, да ги гледаме, тука и во нашата држава. Само сплотени, единствени и одговорни можеме да успееме.

Останете дома, објави на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.