Чулев им се заблагодари на полицајците: Вие сте херои, неизмерно сум ви благодарен

Ви благодарам херои, неизмерно сум благодарен за се што правите за Македонија. Ова е само мал дел од полициските службеници кои во изминатите деновиве секојдневно се на располагање на граѓаните и го гарантираат јавниот ред и мир на територијата на Дебар и Центар Жупа.

Тие деноноќно се на своите работни места, за да им ја олесните работата останете дома, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.