14.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Чулев му одговори на Спасовски: Треба да поднесеш оставка, ти оставив комплетирана истрага

Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти, напиша на ФБ , Наќе Чулев.

Наведената истрага беше речиси хибернирана во периодот кога стапив на функцијата министер за внатрешни работи, за да со целосна посветеност колегите, и покрај сите опструкции во периодот на техничката Влада, се мотивираат и се даде максимум за нејзино реактивирање.

Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета.

Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност.

Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција, напиша Чулев на ФБ , како одговор на наводите на министерот Оливер Спасовски.