5.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Чулев обвинувa: Владата на Спасовски се подготвува за изборен поткуп

Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна. Ова е сериозен индикатор дека владејачката СДСМ подготвува сценарио за изборен криминал со поткупување на гласачи и изборни нерегуларности. Но, ова сценарио нема да им помине.

➡️ Граѓаните треба да бидат сигурни дека ваквите незаконски постапки на владата, ниту ќе не поколебаат или пак одвлечат од решеноста да го спречиме изборниот поткуп и во таа насока уште еднаш потенцирам дека секој еден кој ќе влијае врз гласачите ќе биде најостро санкциониран. 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ.

✅ Колку и да сакаат да сокријат, повеќе од јасно е дека поткуп има во Штип со личните карти, вчера во Дојран претставници на СДСМ се фатени како поткупуваат гласачи, а во тек е оперативно постапување и за други случаи. Ова покажува дека високи функционери на СДСМ се инволвирани во изборен поткуп.

🗣Полициските службеници активно работат на терен и ги охрабрувам и понатаму најприфесионално и непристрасно да интервенираат секаде, онаму каде што ќе забележат индиции за поткупување на гласачите. А до гласачите апелирам да не подлегнуваат на било какви притисоци, уцени, закани или поткуп и слободно да го остварат своето граѓанско право.