Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, синоќа преживеал сообраќајна несреќа, објавија повеќе македонски портали, повикувајќи се на неофицијални извори во Агенцијата.
Според информациите, во службениот автомобил на Чулев кој се враќал од службен пат од Бугарија удрило возило, марка „БМВ“ со бугарски регистерски таблички.
За среќа, Чулев поминал со помали повреди на градниот кош, а неговиот возач има скршена нога. Во автомобилот бил и раководителот на одделот за аналитика кој имал помали повреди на главата.
Од Министерството за внатрешни работи, потврда за сообраќајката нема.