Чулев: Се повикуваат учесници на литијата во Струга и се поднесуваат пријави

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека случајот со масовниот собир на фамозната литија во Струга се комплетира при самиот крај и дека во меѓувреме се повикуваат учесници на настанот на информативен разговор.

– Секторот за внатрешни работи Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, сe повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се комплетира случајот со дежурните инспектори на терен и униформираните припадница на полицијата. Штом биде комплетирана целата постапка, ќе биде информирана јавноста, наведе Чулев.

Министерот додаде дека до денес нема постигнато извештај од одделот за внатрешна контрола, но дека штом пристигне истиот ќе биде објавен

– Тука има затајување и на превентивната функција на Министерството за внатрешни работи, рече Чулев пред мовинарите.