Чулев: Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење

Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на цела држава, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

– Викендов се применуваше мерката за ограничување на движењето кое започнуваше во 14 часот и траеше до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, пишува Чулев на ФБ.

Тој иформира дека на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација. Во државен карантин се спроведени 34 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.