Чулев: Воспоставени 156 пунктови за контрола и ги обезбедува и лицата во државен карантин

Министерот за Внатрешни работи, Наќе Чулев во извјава за телевизија Сител, истакна Министерството за внатрешни, котролата за почитување на полицискиот час ја врши преку пунктови и мобилни полициски патроли. Тој рече дека на ниво на цела држава се поставени 156 пунктови на главните сообраќајници и дека дека на другиот дел преку мобилни полициски патроли.

-Министерството за Внатрешни работи, контролата за мерката за ограничување на движењето на граѓаните, ја врши на три начини и тоа преку пунктови. На територија на цела држава имаме 156 и тоа се главно на главните сообраќајници, бидејќи таму најмногу се движат граѓаните, додека на другите места преку мобилни полициски патроли. На подрачјето на СВР Скопје имаме 50 полициски пунктови и голем број на полициски патроли, рече Чулев.

Министерот додаде дека припадниците на министерството за внатрешни работи би обезбедуваат и лицата кои што се дојдени од странство и кои моментално се наоѓаат во државен карантин. Чулев истакна дека лица во државен карантин во моментот имаме околу 350 граѓани и дека тие се сместени на вкупно седум локации на територија на Македонија.

-Ние како припадници на Министерството за внатрешни работи ги обезбедуваме и државните карантини. Во моментот обезбедуваме седум објекти на територија на државата, во кои што отприлика има сместено околу 350 македонски граѓани кои што од странство пристигнале на територија на нашата држава. И согласно одлуката на Влада мора да бидат задолжително, 14 дена во државен карантин, рече Чулев.

Во однос на мерките за изолација и самоизолација, за жал рече Чулев, од ден на ден се повеќе се зголемуваат решенијата кои се издават на граѓаните кои што се ставаат во изолација и самоизолација. Во моментот, додаде тој, решенија за здравствен надзор на граѓани се вкупно 1500, додека за самоизолација се 8900 и ова значи зголемен број на на активности и обврски за припадниците на полицијата.