Чулев: Жално е што маката и трудот на лозарите воопшто не се вреднува

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев испрати поздрав од Кавадарци, каде викендов го поминал работно на гроздобер. Вели, градот ми буди убави спомени од детството и младоста.

-Во Тиквешијата е најубавото грозје и овде се прави најубавото вино. Кога одам во Кавадарци разговарам со земјоделците од кои многумина се мои пријатели. Оваа година тие се видно разочарани од условите и цените по кои се откупува грозјето. Жално е што маката и трудот на лозарите воопшто не се вреднува. Ги охрабрив и верувам дека ќе дојде подобро време кога ќе се исплати маката на чесните луѓе.
Посакувам следната средба да разговараме за убави работи, за реална цена на грозјето, економијата, инвестициите и напредокот на градот, порача Чулев.