Чурлинов отпаѓа од комбинација за Бугарија и Грузија

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена за претстојните последни натпревари во Лигата на нации против Грузија во Тбилиси и против Бугарија во Скопје поради неиграњето на Дарко Чурлинов.

Крилниот напаѓач на Барнли се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски, кој уште вчера на прес-конференцијата најави дека Чурлинов е неизвесен за настап. Последните медицински прегледи покажаа дека младиот фудбалер има повреда на задниот бутен мускул и нема да биде во можност да помогне на овие дуели.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 19 септември (понеделник) во Скопје. На 23.септември гостуваме во Тбилиси кај Грузија, а три дена подоцна на арената „Тодор Проески“ ја пречекуваме Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.