Чурлинов постигна гол во победата на Шалке

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке кој со 2:0 го совлада Падерборн во 23-то коло од втората германска лига.

Чурлинов беше стартер за Шалке и одигра 78 минути и притоа постигна гол. Чурлинов во 74 минута постигна гол со кој ја завери победата на Шалке.

Тој четири минути подоцна мораше да го напушти теренот бидејќи заработи повреда. Засега нема информации за тежината на повредата.

Шалке со победата над Падерборн се искачи на петтото место на табелата со 40 бода, само еден помалку од лидерите Сент Паули и Вердер.