Чурлинов со деби гол за Штутгарт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов го постигна својот гол првенец во дресот на Штутгарт во рамки на Втората Бундеслига.

Нашиот талент погоди во 88-та минута на гостувањето кај Динамо Дрезден и ги постави конечните 2-0. Чурлинов не беше во првиот тим, а влезе во игра во 57-та минута. Ова беше само негов четврти настап сезонава за поранешниот шампион на Германија, а денеска дефинитивно ја оправда довербата. Скопјанецот кој има само 19-години полека се наметнува во новиот тим, по трансферот од Келн во јануари годинава.