Чувал цел арсенал оружле во Сарај

Жител на Сарај доби кривична пријава и мерка притвор во траење од 30 дена затоа што недозволено држел и тргувал со огнено оружје кое полицијата го пронашла во неговиот дом.

41-годишниот Ф.Н. во својот дом во скопската населба Сарај држел поголема количина огнено оружје и муниција за кои не поседувал дозвола.

При претресот во домот на сомничениот се пронајдени и одземени една автоматска пушка кал. 7,62 милиметри, четири рамки за автоматска пушка со 120 куршуми, 90 куршуми 7.62 милиметри пиштолска муниција, еден пиштол марка „Берета“, кој го поседува со дозвола и две рамки за него, 336 куршуми 9 милиметри, два звучно сигнални пиштоли „Екол“ и четири куршуми за нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.