ЦИА предупредува: САД не смеат со лесно да ја сфатат руската закана за употреба на нуклеарно оружје

REUTERS/Larry Downing/File Photo

„САД не смета со леснотија да ја сфатат можноста Русија да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина“, изјави шефот на ЦИА, Бил Барнс, истакнувајќи дека Москва може да одлучи да го стори тоа бидејќи руските сили имаат потешкотии на теренот.

„Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот Путин и руското раководство, со оглед на воениот ќор-сокак со кој се соочија досега, никој од нас не може со леснотија да ја земе заканата од потенцијалната употреба на тактичко нуклеарно оружје или нуклеарно оружје со ниски перформанси“, рече Барнс. Тој додаде дека ЦИА внимателно го следи тоа, но дека засега нема индикации дека Русија се подготвува на таков чекор.

Тој, исто така, тврдеше дека Путин станува сè поизолиран и дека неговиот „апетит за ризик расте додека неговата контрола врз Русија станува се посилна“.

„Неговиот круг на советници се стесни и во тој мал круг никогаш не било соодветно за неговата кариера да се сомнева во судот на Путин или неговото тврдоглаво, речиси мистично верување дека неговата судбина е да ја врати сферата на влијание на Русија“, потенцира Барнс.