ЦИА призна дека прислушува преку смарт ТВ

ЦИА

Документите кои ги објави „Викиликс“ (Wikileaks) откриваат методи како електронските уреди ги ставаат во опасност американските тајни агенти и ги помагаат непријателите на САД.

Ова е официјалната позицијата на американската ЦИА, во однос на тоа дека прислушувала преку т.н. смарт телевизори.

„Викиликс“ објави документи дека агенти на ЦИА, со помош на специјален компјутерски софтвер, успевале да прислушуваат во домовите на граѓаните и тоа преку смарт телевизорите. Прислушувањето се одбивало преку активирање на микрофонот на телевизорот и тоа дури и кога тој е исклучен.

„Американското општество треба да биде вознемирено од секоја објава на „Викиликс“, чија цел е да се понижи капацитетот на разузнавачката дејност да ја штити Америка од терористи и други непријатели“, изјавил портпаролот на ЦИА, Хедер Фриц Хорнијак.

Според документите на „Викиликс“, ЦИА изработила повеќе од 1.000 хакерски програми, кои помагаат да се контролираат смартфони, телевизори, дури и возила, за да се шпионираат нивните сопственици.

Хорнијак потенцирал дека ЦИА нема право да спроведува операции за шпионирање на американски граѓани и дека тоа не се прави. Таа напоменала дека работата на Агенцијата е да е поврзана со сите технички новитети и да е на челото на технолошкиот напредок, за да биде на првата линија на одбрана на САД против надворешните непријатели.

„Според очигледни причини, нашата политика е да не ја потврдуваме автентичноста на откриени документи и податоци, кои се наменети да ни наштетат“, рекол Шон Спејсер, прессекретар на Белата куќа.

Тој потенцирал дека се’ тоа се случувало за време на администрацијата на претходниот претседател на САД, Барак Обама.

Поранешниот директор на ЦИА и на Националната агенција за безбедност (НСА), генерал Мајкл Хајден, за телевизијата Си-Би-Ес (CBS) потврдил дека „тие средства не се користени против американски граѓани“.

„Националната агенција за безбедност разработува инструменти и ЦИА разработува инструменти, кои можеме да ги користиме… има луѓе надвор од САД, кои барате од нас да ги шпионираме. Барате од нас да имаме способност да ги вклучиме уредите внатре во телевизорот, за да ги дознаеме намерите на тие лица. Тоа е една прекрасна можност“, рекол Хајден.

Тој посочил дека буџетот на разузнувачките агенции во САД изнесува околу 53 милијарди американски долари, годишно, а даночните обврзници треба да добијат нешто за своите пари.

Според Хајден, средствата за прислушување и следење не се користат против американски граѓани, освен ако нема одлука од федерален судија, со која ќе нареди такви дејствија.