ЦИА: За Иванов би гласале 42 отсто, а за Пендаровски 19 отсто од граѓаните

На претстојните претседателски избори, за Ѓорге Иванов би гласале 42,243 отсто, а за Стево Пендаровски 19,692 отсто од избирачите, покажува истражувањето на Центарот за истражување и анализа ЦИА Скопје.

Во одлуката за гласањето 68,153 отсто се изјасниле дека влијае квалитетот на личноста, а 18,692 отсто партиската припадност.

Во однос на довербата во политичките лидери 37,850 отсто му веруваат на Никола Груевски, а 11,692 отсто на Заев.

Истражувањето се спроведувало по методот теренско лице в лице интервјуирање во сите шест изборни единици, а во секоја изборна единица примерокот бил 306 испитаници или вкупно 1839 испитаници во сите изборни единици.