Циципас го победи Краиновиќ во трилер, следи Федерер

Гркот Стефанос Циципас најде место во полуфиналето на тенискиот турнир во Базел, по тешката победа од 3:6, 6:4, 6:4 над Србинот Филип Краиновиќ. Циципас имаше проблеми во првиот сет, дозволувајќи два брејка, но на крајот го прилагоди неговиот настап и победи по втор пат годинава против српскиот тенисер.

Во полуфиналето, Циципас ќе се соочи со апсолутниот фаворит во турнирот и миленик на локалната публика – Роџер Федерер. Швајцарецот требаше да игра со својот сонародник Стен Вавринка во четвртфиналето, но трикратниот Гренд слем шампион се откажа поради повреда.

Во другото полуфинале на програмата ќе се сретнат Американецот Рајли Опелка и Австралиецот Алекс де Минор.