Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на Австралија Oпен, oткако по пет сета славеше над Јаник Синер (6-4, 6-4, 3-6, 4-6, 6-3).
Мечот траеше нешто повеќе од четири часа, Циципас во четвртфиналето ќе игра со Јиржи Лехеко. Четврторангираниот светски тенисер до водство во сетови стигна по двата врзани брејка, а слична беше ситуацијата и во вториот сет. Гркот беше поконцентриран во клучните моменти и заслужено поведе со 2-0.
Сепак, Синер покажа квалитет и ја врати неизвесноста на натпреварот. Во третиот сет славеше со 6-3, додека во четвртиот одново го исфрли од игра фаворизираниот противник и израмни на 2-2. Решавачкиот сет беше решен во шестиот гем, кога Циципас ја врати играта од првиот сет и успеа да ја зачува предноста до крајот.