Циципас подобар Зверев и ќе се бори за титулата во Рим (ВИДЕО)

51

Стефанос Циципас е првиот финалист на АТП Мастерсот во Рим откако попладнево во три сета беше подобар од Александер Зверев.

За овие двајца ова беше трето меѓусебно полуфинале на земја во 2022 година и по истото Циципас води со 2-1. Попладево во италијанската престолнина се играа три сета, дуелот траеше два иполчаса, а Гркот дојде до триумф со пресврт со 4-6, 6-3, 6-3.

Петтиот светски рекет утре ќе се обиде да дојде до третата титула на Мастерсите од серијата 1000, но за тоа ќе мора да мине уште еден чекор, предизвик, победникот од вечерашното второ полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.