Цигарите поскапени за десет денари

3911

Без претходна најава некои трговци ги продаваат одредени марки цигари по десет денари повисоки ценни пренесуваат во вторникот медиумите.

Читател на порталот „24 Инфо“.испратил фотографија од фискална сметка на која се гледа новата цена на цигарите „Марлборо голд“, кои ги купил во тобако во Аеродром, кои до вчера чинеа 140, денеска се продаваат по цена од 150 денари.

Информацијата за поскапувањето на цигарите ја потврдија и повеќе трговци, сопственици на трафики. Дознаваме дека се поскапени цигарите од брендовите „Пал мал“, Честерфилд“, „Ориентал“, „Марлборо“ и „Бонд“. Новите цени се повисоки за 5 до 10 денари во зависност од брендот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.